Политика за начин и услови за поврат на средства
ЛОВЕН ДОМ БЕРОВО преку својата е-продавница овозможува онлајн продажба на ваучери за туристички и рекреативни активности, резервации за сместување и продажба на домашни прехранбени производи.
Поврат на средства (сторно на трансакција) се врши во следните случаи:
- Ваучери за јавање и активности
Поврат на средства се одобрува при откажување на активноста најдоцна 48 часа пред договорениот термин. Доколку активноста биде откажана од страна на Ловен Дом Берово поради временски услови или други непредвидени околности, корисникот има право на целосен поврат на средствата или промена на терминот. - Резервации за сместување
Условите за откажување и поврат на средствата се определуваат согласно условите наведени при конкретната резервација. Во случај на откажување од страна на Ловен Дом Берово, се врши целосен поврат на уплатените средства или промена на терминот по договор со корисникот. - Домашни производи
Поврат на средства за нарачани домашни производи се одобрува во случај на утврдена грешка при обработка на нарачката од страна на Ловен Дом Берово, односно доколку е испорачан производ различен од нарачаниот или доколку нарачката не е испратена од страна на Ловен Дом Берово.
Во случај на оштетување или други неправилности настанати при транспорт и достава, корисникот е должен да ја пријави неправилноста веднаш кај доставувачот и, по можност, при приемот на пратката, согласно условите на доставувачот. Ловен Дом Берово не одговара за оштетувања или други неправилности настанати по предавањето на пратката на доставувачот, доколку истите не се резултат на несоодветно пакување или постапување од страна на Ловен Дом Берово.
Барањата за рекламација се разгледуваат поединечно, согласно околностите на конкретниот случај.
- Начин на поврат
Одобрениот поврат на средства се врши исклучиво на платежната картичка со која е извршена трансакцијата, преку системот за електронско плаќање. - Барање за поврат
Барањето за поврат на средства се поднесува преку контактите наведени на веб-страницата и треба да содржи број на нарачка/резервација, датум на трансакцијата, податоци за купувачот и причина за барањето.
Сите барања за поврат на средства се разгледуваат согласно условите наведени во оваа политика и условите прикажани при купувањето/резервацијата.
ЛОВЕН ДОМ БЕРОВО се обврзува одобрениот поврат на средства да го реализира преку истиот платежен инструмент со кој е извршена оригиналната трансакција.
