
1.500 ден
Тура 1 – Црвен Брег
Идеална тура за почетници. Води низ борова шума со панорамски поглед кон Абланица и манастирот Св. Гаврил. Завршува со освежување на ранчот.
- 15 минути обука + 45 минути јавање
- Кафе, чај и домашен сок
- 1 часниво 1/5
- цената е по лице
Оваа тура е идеална за почетници.
Започнува од ранчот – Црвен брег и води низ борова шума со прекрасен панорамски поглед кон викенд населбата Абланица.
Поминува покрај манастирот св. Гаврил и турата завршува со лесно јавање назад до ранчот, совршено за прв контакт со коњите и природата на Малешевијата.
На крај на турата, Ве очекуваме на ранчот со кафе, чај и домашен сок од шумски плодови 🙂


