2.500 ден

Тура 2 – Абланица

Јавање покрај реката Брегалница и низ букова шума. Вклучува пауза на ливада со можност за стрелање со воздушни пушки и освежување.

  • 15 минути обука + 2 часа јавање + 45 минути пауза
  • Стрелање во мета
  • 3 часаниво 2/5
  • цената е по лице

Турата започнува од ранчот Црвен брег, води до викенд населбата Абланица, покрај викендички и преку реката Брегалница, со неколку можности за одмор и фотографии.
После 1 час јавање стигнуваме до локација со прекрасен поглед кон Малешевијата и две бачила кои може по ваша желба да ги посетиме.
Турата нуди неколку можности за галопирање со коњите низ ливадите и минува низ букова и борова шума која пружа свежина во летниот период.
На една од ливадите правиме кратка пауза за освежување со кафе, чај и домашен сок од шумски плодови, а како дополнителна можна активност е стрелање во мета со воздушни пушки, како и многу прилики за интересни фотографии.
Турата е погодна за сите типови на јавачи кои сакаат да поминат неколку часови во природа, опкружени со зеленило и свеж воздух.