
6.000 ден
Тура 4 – Авантуристичка
Најкомплетната тура за вистински авантуристи. Вклучува комплетен традиционален ручек на бачило (скара, салата, вино) и галопирање низ ливади.
- 30 минути обука + 4 часа јавање + 1,5 час ручек
- Целодневен ручек и дегустација
- Галопирање и адреналин
- 6 часаниво 4/5
- цената е по лице
Ова е нашата најкомплетна и највозбудлива тура, наменета за авантуристи кои сакаат целодневно искуство во природата.
Турата започнува со кратка обука во ранчот, по што се упатуваме кон реката Брегалница и викенд населбата Абланица.
Започнуваме искачување кон Беровското Езеро и стигнуваме до место со прекрасен поглед кон околните планини, шуми и ливади. Правиме пауза за сликање и освежување со домашен сок.
Продолжуваме до бачило каде што ќе направиме пауза за ручек и дегустација на домашна ракија.
Менито вклучува зелник, овчо сирење, свежа салата и скара, домашна ракија, а потоа и чашка винце.
Организираме натпревар по стрелање со воздушни пушки и продолжуваме со јавање кон ранчот Црвен брег.
Оваа патека води низ борова, букова шума и неколку ливади со можност за адреналинско галопирање со коњите.


